Ковачки е дезертер од Армијата кој им служи на деструкциите на Мицкоски

СДСМ преку соопштение реагираше на денешната прес конференција на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ велат дека антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица со насилството на протестите изминатите два дена, со дивеење на насилници со качулки, повредени полицајци, со каменување, фрлање запаливи течности, уништување го покажува своето вистинско лице и вистинска цел да создаде тензии, поделби и раздор, да се закочи целата држава.

„Ова не може да го дефокусираат никакви лаги на Драган Ковачки. Токму Ковачки е дезертер од Армијата кој избра да им служи на деструциите на Христијан Мицкоски. Наместо да шири лажни вести Ковачки да одговори дали токму тој е координатор на поранешни припадници на единицата Волци кои синоќа ги предводеа насилствата, во обид да предизвикаат реприза на 27 април? се вели во соопштението од СДСМ.

Од таму додаваат дека СДСМ, институциите, заедно со граѓаните, нема да дозволат насилничкото однесување и сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ја загрозат државата.

Back to top button
Close