Ковачки: Едни исти ликови коишто се крајно корумпирани се водачите на СДС

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки рече истакна дека едни исти ликови коишто се крајно корумпирани се водачите на опозициската СДС, којашто ја заглави Македонија во калта, од која сега ВМРО-ДПМНЕ ја вади Македонија на вистинскиот пат.

„СДС ниту работи на програмско освежување, ниту работи на својата идеологија, која веројатно им е изгубена некаде по пат по поразите, ниту пак работи на кадровско освежување. На луѓето им здосадено гледајќи ги едно исти ликови кои се крајно корупмирани, и коишто во изминатиот период покажаа дека со својата неспособност и со својот полтронизам ја заглавија Македонија во калта и ВМРО-ДПМНЕ сега треба да ја извади на пат во којшто сите веруваме дека треба да одиме, а тоа е Европската Унија“, посочи Ковачки.

Тој истакна дека во моментот главната опозициска партија СДС, не работи на програма и визија, ниту пак на својата идеологија.

„За да имате опозиција треба да имате идеолошка опозиција, јас не гледам идеолошка опозиција од другата страна, тука е проблемот. Кадровската понуда којашто се нуди на граѓаните од другата страна е девастирана, структура којашто не може да доминира, односно не може да биде понуда и алтернатива на политиките на ВМРО-ДПМНЕ“, заклучи Ковачки.

Back to top button
Close