Ковачки го брани Мицковски од Ковачевски.Лага е дека од странците бара да дојде на власт па ќе го сменел уставот

Откако премиерот Димитар Ковачевски, синоќа, од партиска трибина во Куманово го повика лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да одговори дали бара од странски политичари да му помогнат да дојде на власт, а кога тоа ќе се случи ќе го смени Уставот, утрово одговор стигна од пратеникот и член на Извршениот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Ковачки, утрово на својот Фејсбук профил му одговори на премиерот Ковачевски дека е лага тоа дека некој барал власт од странците.

Лагата дека некој барал власт од странците не поминува, власт дава и зема народот на Македонија. Димитар Ковачевски, човекот кој се крие позади Цаци, поставен да одработи на штета на македонскиот народ и на Македонија, не знае дека народот е тој кој бира и дава и народот е тој кој зема на избори, а не странските политичари“,напиша Ковачки додавајќи дека лаги како оваа не поминуваат. 

Храброста, додава Ковачки, можеше да ја покажеш тогаш кога беше најпотребно.

И наместо да дезертираш и да вадиш лажни лекарски белешки, да се бориш за Македонија или пак барем сега кога веќе те поставија таму каде што си, да излезеш на ТВ дуел и на избори, па народот да слушне и да види колку си храбар. И за крај, за разлика од него нема потреба од прашања, на сите им е јасно дека Ковачевски не само што така си мисли, туку и гласно си кажува, ‘се ќе потпишам, само да бидам премиер, затоа што друга шанса и прилика нема’”,напиша Ковачки во Фејсбук статусот.

Премиерот Димитар Ковачевски, синоќа го повика лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да одговори дали бара од странски политичари да му помогнат да дојде на власт, а кога тоа ќе се случи ќе го смени Уставот.

„Дали на странските политичари кои доаѓаат во Северна Македонија, вклучително и на домашните политичари, на состаноците кои ги има со нив им вели: Дајте ми власт и ќе го сменам Уставот. Нека одговори, па нека чујат и странците и нашите граѓани“,рече Ковачевски.

Back to top button
Close