Ковачки: Кукавички е запален автомобилот на пратеникот Ристески кој јавно кажа дека нема да гласа промена на Устав

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, преку фејсбук статус обвинува дека синоќа е запален автомобил на неговиот сопартиец и пратеник, Петар Ристоски, од Прилеп. Ковачки тврди дека автомобилот е запален, оти Ристоски претходно јавно кажал дека нема да гласа за промена на Уставот. Посочи и виновници.

„Кукавички чин позади кој сум убеден дека стојат платеници инспирирани од предавничкото раководство на СДСМ. Платеници се затоа што нема нормален и здрав Македонец, кој поради верба во нешто, освен за добра сума на пари би направил таков чин на насилство против пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Дома, пред жена, деца, родители…СДСМ, мафијата има повеќе достоинство од вас. Вие сте гнаси. Ова е напад на пратеник и ова е сериозен удар и назадување во демократијата“ пишува Ковачки.

Back to top button
Close