Ковалкова: Властите ја принудија Тихонавскаја да ја напушти Белорусија

Изборниот штаб на опозициската кандидатка на претседателските избори денеска соопшти дека белоруските власти ја принудиле Светлана Тихановскаја да ја напушти земјата и покрај демонстрациите против наводната победа и реизборот на Александар Лукашенко.

– Властите ја изведоа од земјата, немаше избор. Само пет минути пред упадот на полицијата разговаравме за следните чекори и планови. Бидете убедени дека не планираше да ја напушти земјата, изјави соработничката на Тихановскаја, Олга Ковалкова.

Изборниот штаб не успеал да стапи во контакт со Тихановскаја се до денеска кога е потврдено дека и се придружила на своите девца во Литванија.

Комитетот за државни граници на Белорусија потврди дека Тихановскаја ја напуштила Белоруисија.

Претходно, шефот на литванската дипломатија Линас Линкевисијус изјави дека Тихановскаја пристигнала во Литванија.

– Пристигна во Литванија и е безбедна, посочи Линкевисијус.

Во Белорусија синоќа, втора вечер по ред, полицијата ги растера демонстрантите кои протестираа против изборната победа на Лукашенко, кој е на власт од 1994 година.

Демонстрациите и судирите со полицијата почнаа во неделата вечерта, по објавувањето на првичните резултати од претседателските избори, на кои Лукашенко доби над 80 отсто од гласовите и го освои шестиот мандат.

Back to top button
Close