Ковид-19 би можел да доведе до дополнителни 100.000 смртни случаи од маларија

Пандемијата на коронавирусот и тешкиот пристап за лекување би можеле оваа година да доведат до дополнителни 100.000 смртни случаи од маларија во подсахарска Африка, проценува Светската здравствена организација (СЗО).

Во годинешниот извештај за маларија е наведено дека намалувањето на пристапот за ефикасно лекување од 10 отсто, би можело да доведе до дополнителни 19.000 починати во регионот, а намалување од 50 отсто би значело 100.000 дополнителни смртни случаи до крајот на годинава.

Регионалниот директор на СЗО за Африка, Матшидисо Моети изјави дека Ковид-19 се заканува да ги загрози напорите за спречување на маларијата.

Back to top button
Close