Ковид-19 да не ги „изеде“ парите за борба со аерозагадувањето

Ме плаши дека оваа грејна сезона изговор ќе биде дека сите пари сме ги потрошиле или ги трошиме на кризата со коронавирусот. Затоа потенцирам дека тоа не треба да се случи во ниту еден случај и дека ние уште сега мора да одвоиме финансии за сезоната на високо аерозагадување, бидејќи ќе имаме сериозен проблем, вели Елена Николовска од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Кои треба да бидат приоритети за заштита на животната средина по завршувањето на кризата со ковид-19, со оглед дека имаме проблем со загаден воздух, загадување на водите и почвите, отпор на население во дел од земјата против концесии за рудници, загрозен статус на Охрид во УНЕСКО итн?

Ги начнавте веќе темите во самото прашање. Значи одговорот е дека, го кажаа и на повеќе меѓународни дискусии што се случуваат и покрај ковидот, после пандемијата опоравувањето мора да биде зелено, како прво, и второ, дека после пандемијата личната одговорност кон општеството мора да се зголеми. И личната одговорност и одговорноста на носителите на одлуки.

Што значи зелено опоравување? Тоа значи домаќинско користење на природните ресурси, користење на ресурсите во склад со природата, не да ги уништиме, туку само да ги употребуваме и да ни останат и за утре. Зелено опоравување значи и промена на секојдневните навики, значи промена на секторот транспорт. Имаше „На точак“, една многу убава кампања деновиве, која некако ја прифати и Град Скопје. Тоа е одлично и такво и треба да биде зеленото опоравување. Секторот транспорт кај нас беше огромна причина за аерозагадувањето, бидејќи имаме стари возила, сега треба да се движиме во насока на одржлив транспорт – велосипед, одење пеш, меѓутоа и создавање и планирање на градот во насока на простор, едноставно, за создавање на простор за овие навики. Ние самите ќе го побараме тоа од носителите на одлуки, ќе побараме да ни создадат повеќе зелени јавни простори, значи повеќе природни решенија. Тоа се вика зелена инфраструктура во секторот животна средина, урбаните средини треба да се планираат со повеќе зелена инфраструктура, како би имале не само директно влијание на здравјето на луѓето во смисла повеќе кислород, туку гледаме и психички ни влијае на здравјето, значи луѓето бараат отворени зелени простори, повеќе заштитени подрачја, имаме многу природа која вреди, уникатна, ретка, ендемска природа којашто едноставно мора да се заштити

Целото интервју со Елена Николовска од „Еко-свест“ можете да го погледнете тука

Back to top button
Close