Ковид-19: Хрватска меѓу 10 земји од ЕУ со најмногу заразени
Во последните 14 дена, Хрватска има вкупно 33,4 заразени на 100.000 жители, што ја става меѓу 10-те земји со најголем број заразени во Европа, покажуваат податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на болести.
Најлоши бројки во споменатиот период има во Шпанија, каде има 132,2 заразени на 100 000 жители, а потоа следат Луксембург и Малта со нешто повеќе од 98 заразени.
Што се однесува до околните земји, Австрија, која ја стави Хрватска на „црвената листа“, има 26,8 заразени лица, соседна Словенија 12,4, Италија 10, а Унгарија е најдобра. во последните две недели се регистрирани само 4,4 заразени лица на 100 илјади жители, објави хрватскиот портал Нет.