Ковид-19: Рекорден број новозаразени во Индија

– Бројот на заразени со коронавирусот во Индија денеска надмина 400.000, откако во послелдните 24 часа се потврдени уште 15.413 нови случаи, соопшти Министерството за здравство.

Вкупниот број заразени достигна 410.461, а уште 306 лица починаа во последното деноноќие, така што вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата е 13.254, пренесува Си Ен Ен.

Индија веќе четврти пат бележи рекорден број на новодијагностицирани за еден ден.

Земјата е на четвртото место во светот по бројот на пациенти, по САД, Бразил и Русија.

Back to top button
Close