Ковид-координатори во компании и државни институции ќе следат како се спроведуваат мерките

Донесовме заклучок за поставување на т.н. ковид координатори во компаниите, но и во државните институции, кои ќе имаат директни овластувања да го следат спроведувањето на мерките и препораките во рамките на организациите и институциите, како и да овозможат нивна полесна меѓусебна комуникација, изјави вицепремиерот Бујар Османи по посета на Штип.

– Искрено ме радува што постои и сериозност и волја кај сите и верувам дека со спроведување на мерките и препораките набргу ќе создадат услови за безбедно одвивање на работните процеси при што економските активности и на фабриките ќе можат да продолжат- истакна Османи при што додаде дека благодарение на брзата реакција на локалната самоуправа и на централните институции, патеката на вирусот во градот и општината е оформена и предвидлива.

– Токму брзиот раст во овој втор бран на епидемијата покажува дека нема игра со коронавирусот и ако навистина сакаме да обезбедиме услови за работа и на фабриките, но и на останатите економски субјекти, едноставно треба сите да сфатат дека мора да се почитуваат мерките и препораките за социјална дистанца, за само-заштита, за строго примена на заштитните мерки и носење маски и секако одржување на личната хигиена и навремена дезинфекција – рече Османи, посочувајќи на лажните вести и наменската пропагандата кои имаат за цел да ја манипулираат јавноста преку сомнежи за постоењето и сериозноста на коронавирусот.

Back to top button
Close