Ковид-потврдата на Макрон е хакирана и објавена на социјалните мрежи

QR -кодот на францускиот претседател Емануел Макрон денеска протече на социјалните мрежи Снепчет и Твитер, каде што се видливи неговото име, датумот на раѓање и вакцинациите и видот на вакцината против коронавирус што ја примил.

Елисејската палата, седиштето на кабинетот на претседателот, објави дека на интернет е објавен приватен документ, како резултат на недозволено хакирање, било да е случајно или намерно. Претседателската палата се уште не објавила дали Макрон ќе добие нов QR -код.

Француските здравствени власти имаат пристап до централизиран систем на сертификати за вакцинација. Еден од вработените го пуштил во оптек сертификатот на Макрон, иако е нејасно што имал намера да постигне со тоа, според Елисејската палата.

Ваквите кодови се наоѓаат на француските сертификати за ковид, потребни за влез во музеи, театри, кина, кафулиња и ресторани и патување со авион или воз на долги растојанија.

Во Франција, повеќе од 70 проценти од населението е целосно вакцинирано. Бројот на новозаразени продолжува да опаѓа и неодамна изнесувал околу 76 на 100.000 жители во текот на седум дена. На Макрон му беше дијагностициран коронавирус во декември и беше вакциниран во мај.

 

Back to top button
Close