Ковид за 24 часа: 91 нов позитивен случај, нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часa се направени 1 067 теста, а регистрирани се 91 нов случај на ковид-19: Скопје – 65, Куманово – 8, Битола – 6, Охрид – 4, Прилеп и Кавадарци – по 2, Тетово, Велес, Гостивар и Штип – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (91), регистрирани се 23 реинфекции. Регистрирани сe 67 оздравени пациенти од: Скопје – 54, Битола – 8, Прилеп, Кавадарци, Тетово, Гостивар и Берово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин не се пријавени починати лица.                                                                                                                              Досега во земјата се направени вкупно 2 073 238 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313 050, бројот на оздравени пациенти е 303 354, на починати е 9 322, а бројот на активни случаи изнесува 374.

Back to top button
Close