Крај на една ера: Лада заминува од германскиот пазар по повеќе од 50 години

По повеќе од 50 години присуство на германскиот пазар, руската автомобилска марка Lada Automobile GmbH ја прекинува својата работа во Германија.

Компанијата „Lada Automobile GmbH“, со седиште во германскиот град Букстехуде, која беше официјален увозник на руските автомобили Лада, поднесе барање за стечај поради финансиски проблеми.

Бидејќи компанијата не успеала да пронајде нов инвеститор, со ова завршува повеќе од петдецениското присуство на рускиот бренд на германскиот пазар, пренесува порталот T-online.

Работата во Букстехуде била прекината уште пред неколку месеци. Компанијата неодамна имала околу десет вработени, наведува германскиот портал.

Уште кон крајот на 2019 година, рускиот производител го прекинал официјалниот извоз во Европа, откако Европска Унија ги заостри прописите за емисија на штетни гасови.

Потоа увозникот во Букстехуде го увезувал теренското возило „Нива“ во Германија преку таканаречен сив увоз и го продавал под имињата „Lada 4×4“ и „Lada Taiga“.

Иако автомобилите биле со послаб квалитет, тие биле исклучително евтини, наведува порталот.

По почетокот на војната во Украина и воведувањето на ембаргото против Русија, и оваа можност пропаднала, а новите возила и резервните делови станале практично недостапни.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close