Крај на една ера во Скопје: Легендарната „7-ца“ ќе се руши – сандвичите одат во историја
Една од најпрепознатливите скопски институции за брза храна – сендвичарата „7-ца“ во Центар, наскоро ќе биде срушена, потврдуваат информациите објавени на нивната официјална веб-страница.
Од 1 септември, објектот работи со скратено работно време – преку неделата до 17 часот, а во сабота до 19 часот. Причината? Местото каде што се наоѓа објектот е предвидено за изградба на нова станбена зграда, па култната сендвичара – која за многумина е симбол на градот – ќе биде затворена и срушена.
Засега нема официјални најави дали брендот „7-ца“ ќе отвори нова локација во Центар, или ова значи и крај на целата приказна која трае со децении.
Истовремено, уште еден добро познат локал од Центар доживува промени – познатото „Глуво Куче“ исто така се сели, откако и на тоа место ќе се гради зграда. Новата локација на „Глуво Куче“ ќе биде во близина на Градежниот факултет во Дебар Маало, каде ќе продолжи да функционира во ново урбано опкружување