Крај на серијата на Реал од 15 натпревари без пораз

Мадрид, 17 октомври 2020 (МИА) – Реал Мадрид загуби од Кадиз (0:1) во домашниот натпревар од 6. коло на Шпанското фудбалско првенство.

Ова е прв пораз за тимот на тренерот Зинедин Зидан од 7 август. Тогаш загубија од Манчестер сити (1:2) во реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите.

Во Ла Лига, клубот од Мадрид нема пораз од 8 март кога загуби од Бетис (1:2).

Потоа, по продолжението од минатата сезона, прекината од пандемијата на коронавирусот, Реал Мадрид немаше пораз во Примера 15 натпревари, со освоени 13 победи, вклучително и 10 по ред, и двапати ремизираше.

Back to top button
Close