Крадци од партиски штаб во Арачиново украле храна

Синоќа во штаб на политичка партија во селото Арачиново се случила кражба во која била украдена храна.

Според извештајот на МВР, кражбата била пријавена вчера околу 21:30 часот откако претходно крадци ја оштетиле влезната врата, влегле и со себе однеле прехранбени производи. Полициска екипа од СВР Скопје извршила увид и се работи на расчистување на случајот.

Back to top button
Close