Кралицата на Јордан: Заглушувачка тишина во светот за цивилните жртви во израелското бомбардирање на Газа
Јорданската кралица Ранија денеска изјави дека е очигледно дека западните лидери имаат двојни стандарди бидејќи не ја осудиле смртта на цивилите за време на израелското бомбардирање на Газа.
Ранија во интервју за Си-Ен-Ен рече дека луѓето ширум Блискиот Исток, вклучително и Јордан, „се шокирани и разочарани од реакцијата на светот на катастрофата“.
„Во последните неколку недели видовме очигледни двојни стандарди во светот“, рече Ранија и додаде дека веднаш по 7 октомври, целиот свет недвосмислено застана со Израел и го осуди нападот на Хамас, а дека во последните неколку недели се молчи за убиствата на палестинските цивили во Појасот Газа.
Јорданската кралица додаде дека за првпат во модерната историја се случува вакво човечко страдање, а светот дури и да не повика на прекин на огнот.
„Тишината е заглушувачка – и за многумина во нашиот регион, тоа го прави западниот свет соучесник“, рече таа.