Кралот Чарлс ќе патува во Америка, сака да помине време со децата на принцот Хари

Кралот Чарлс Трети (75) наводно наскоро ќе отпатува во Америка за да ги посети своите внуци, пишува „Њујорк пост“. Според странските медиуми, кралот сака да има поголема врска со внуците и дека тие можат да се потпрат на него.

„Чарлс разговараше за официјална посета на САД во одреден момент во иднина. Без сомнение кралот, ако дојде до тоа, ќе најде време и да ги посети својот најмлад син и внуците. Пред тоа има уште многу планови да се надминат“, открил изворот.

Тој додал дека кралот ја мрази помислата дека Арчи и Лили нема да го паметат како топол и пријателски расположен дедо. Се наведува дека е во добар однос со децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон и дека често се дружат, а со децата на принцот Хари одржува контакт преку видео повик. Меѓутоа, изворот открива дека кралот сака да го смени тоа.

Инаку, принцот Хари пред четири години со сопругата Меган Маркл и нивните деца се пресели во САД и престана да ги извршува кралските должности. Парот и нивниот син Арчи и ќерката Лилибет живеат во Монтесито, Калифорнија. Односите меѓу принцот и неговото семејство се влошија, а вистинските проблеми започнаа кога Хари ги објави своите мемоари „Резерва“.

Back to top button
Close