Кралот Чарлс III ја презентираше програмата на британската влада

Британскиот крал Чарлс III денеска во Домот на лордовите, горниот дом на британскиот Парламент, ја претстави програмата на владата за следната година.
Тој во говорот на отворање на нова парламентарна седница ги изнесе владините планови за усвојување на низа закони од областа на економијата, безбедноста, миграцијата, енергетиката и судството.
Меѓу клучните економски мерки е и предлог-законот за национализација на челичната индустрија, со кој министрите би добиле овластување за целосна национализација на „Бритиш стил“.
По говорот на Чарлс III двата дома на Парламентот почнува неколкудневна дебата за говорот на кралот.
Говорот на кралот Чарлс III е централен дел од денот, исполнет со церемонии и традиции што се почитуваат од 1852 година, а некои елементи од програмата датираат од 16 век. Државното отворање на парламентот е внимателно кореографиранo за да ја покаже еволуцијата на Велика Британија од апсолутна монархија до парламентарна демократија, каде што вистинската моќ е доделена на избран Долен дом.






