Кремљ: Американските санкции против гасоводот „Северен тек 2“ се акт на хибридна војна
Американските санкции против гасоводот „Северен тек 2“, што е во изградба од Русија до Германија, се чин на „хибридна војна“, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, пренесе ДПА.
-Ова е навистина варијанта на хибридно војување. САД го користат како хибридна војна, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во коментар за руската државна агенција ТАСС.
Гасоводот треба да пренесува руски гас директно до Германија, преку рута под Балтичко Море, слична на актуелна оперативна линија Северен поток, додава ДПА.
Изградбата на гасоводот продолжи во текот на овој месец, откако беше прекината минатата година по воведувањето на американските санкции. Гасоводот, наводно, е завршен во повеќе од 90 проценти.
САД го осудија гасоводот како закана за безбедноста на своите сојузници од НАТО во ЕУ, со зголемување на нивната зависност од Русија.
Русија ги обвинува САД дека се обидуваат да го блокираат проектот заради одржување на поскапите залихи на природен гас од американските извори за европскиот пазар, пренесива ДПА.