Кремљ: Европските и украинските измени во американскиот план не нè приближуваат кон мирот

Советникот на Кремљ за надворешна политика Јуриј Ушаков денеска изјави со европските и украинските амандмани на американските предлози не се подобруваат изгледите за мир во Украина.

– Сигурен сум дека предлозите изработени или се обидуваат да ги подготват Европејците и Украинците дефинитивно не го подобруваат документот и не ги подобруваат шансите за постигнување траен мир, посочи Ушаков.

Европските и украинските преговарачи разговараат за низа измени во американскиот предлог за договор за прекин на речиси четиригодишната војна, но не се познати измените.

И Ушаков, како претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека не се подготвува состанок на американски, украински и руски претставници, иако од петокот во САД се одржуваат одделни разговори за евентуално мировно решение.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Вашингтон предложил да се организира трилатерален состанок.

Викендов во Мајами, Флорида украински и европски претставници разговараат со американските посредници, кои преговараат и со рускиот претставник Кирил Дмитриев.

Дмитриев истакна дека дискусиите со Виткоф и Кушнер „напредуваат конструктивно“.

Back to top button
Close