Кремљ не ја исклучува можноста за средба меѓу Путин и Трамп во Кина во септември
Кремљ денеска објави дека е можна средба меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп во Кина во септември, доколку американскиот претседател пристигне таму на истиот датум како и неговиот руски колега.
Путин треба да отпатува во Кина за прославите по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна на почетокот на септември.
-Доколку американскиот претседател одлучи да оди во Кина тогаш, тогаш таквата средба не може да се исклучи теоретски, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите.
Путин треба да отпатува во Пекинг за голема воена парада по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.
Претседателот Си Џинпинг ќе претседава со настанот, кој ќе се одржи на плоштадот Тјенанмен на 3 септември.
Откако Доналд Трамп се врати во Белата куќа во јануари 2025 година, претседателите на САД и Русија разговараа по телефон неколку пати, особено во врска со големата офанзива на Москва во Украина, започната во февруари 2022 година, но не одржаа состанок.