Кремљ потврди: Закажан нов разговор меѓу Путин и Маркон

Рускиот претседател Владимир Путин во недела треба да разговара телефонски со неговиот француски колега Емануел Макрон, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Да, разговорот е планиран – изјави Песков за РИА Новости, одговарајќи на прашањето дали телефонскиот разговор со Макрон е во распоредот на Путин.

Макрон беше во посета на Москва на 7 февруари, а тема на разговор меѓу двајцата претседатели беше ситуацијата околу Украина.

 

 

Back to top button
Close