Кремљ: Прерано е да се организира самит Бајден-Путин за Украина

Кремљ денеска соопшти дека е прерано да се организира самит меѓу рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден, откако Париз најави можност за средба за смирување на тензиите околу Украина.

„Прерано е да се зборува за какви било конкретни планови за организирање каков било вид самити“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека не се направени „конкретни планови“ за средба.

Back to top button
Close