Кремљ: Русија разгледува можност за средба на Путин и Ким Џонг Ун во Кина


Русија ја разгледува можноста за билатерална средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во Кина, на маргините на настаните по повод одбележувањето на 80-годишнината од победата во Втората светска војна, изјави помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.

– Во моментов ја разгледуваме можноста за билатерална средба, рече Ушаков.

Кина на 3 септември ќе одржи воена парада на плоштадот Тјенанмен во Пекинг по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна. Претходно беше објавено дека на свечените настани ќе учествуваат 26 странски лидери, вклучувајќи ги рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун

Back to top button
Close