Крем супа од брокула и карфиол

Нежна, хранлива и неодоливо кремаста супа која совршено го спојува вкусот на брокулата и карфиолот. Идеална е за полесен ручек или за предјадење што ќе го загрее секое семејно гнездо.

Потребни состојки:

1 мала главица карфиол

1 мала главица брокула (дел од брокулата зачувајте го и посипете го врз готовата супа

малку зеленчук за супа (магдонос, целер, морков)

1 лажица сув зачин

Сол и бибер – по вкус

1 дл млеко

1 дл неутрална павлака

Подготовка:

Карфиолот и брокулата исчистете ги и разделете ги на помали цветови. Заедно со зеленчукот за супа ставете ги да се варат во околу 1 литар вода, со малку сол. Варете приближно 30 минути, додека зеленчукот не омекне.

Од водата во која се варел зеленчукот издвојте околу 8 дл и процедете ја во друг сад. Брокулата, карфиолот и малку морков ставете ги во сечко и изблендирајте ги во фина каша. Вратете ја кашата во процедената вода, додајте млеко, а по потреба и уште малку вода (вкупно околу 1,2 л супа).

Додајте сув зачин, по вкус сол и бибер, и накратко оставете да зоврие. На крај, згуснете ја супата со додавање на неутрална павлака. Оставете ја да отстои неколку минути пред сервирање – така ќе стане уште покремаста.

Back to top button
Close