Крихмаер победи на супервелеслаломот во Бивер Крик

Австриецот Винсент Крихмаер е победник на супервелеслаломот што се одржа во американскиот центар Бивер Крик во рамките на Светскиот куп во алпско скијање.
Во исклучително тешки временски услови, Крихмаер дојде до победата со време од 1:06,77 минути. Второпласираниот Норвежанец, Фредрик Моле заостана 0,56 секунди, додека на третото место се пласирање сонародникот на Крихмаер, Рафаел Хазер, со заостанување од 1,03 секунди.
Трката ја обележа тешкиот пад на Швајцарецот Франц фон Алмен, а поради лошата видливост, супервелеслаломот прекинат откако на патеката се појави 31 скијач од вкупно пријавените 68 натпреварувачи.
Во генералниот пласман на Светскиот куп по седум трки, Швајцарецот Марко Одермат води со 345 бодови, додека во поредокот во супервелеслалом, по две трки води Крихмаер со 160 бодови.
В недела во Бивер Крик е закажана велеслаломската трка.






