Криминална група копала и препродавала археолошки предмети.Уапсени се11 едно лице е во бегство
Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција ОЈО-ГОКК, по повеќемесечна предистражна постапка, вчера спроведе акција во која е сузбиена дванаесетчлена организирана криминална група чии членови подолг временски период извршувале кривични дела против културното наследство и природните реткости. По издадени судски наредби, извршени се претреси кај 23 лица на 27 локации, информираат од Јавното обвинителство.
Групата дејствувала на подрачјата и околината на Прилеп, Струмица, Пробиштип, Неготино, Куманово, Свети Николе, Кавадарци и Кочани. При претресите се пронајдени и привремено се одземени археолошки предмети, монети, метални предмети, фигури, метал детектори и опрема за метал детектори, скици, оружје, муниција, дрога, ваги и природни реткости, а единаесет лица -членови на организираната криминална група се лишени од слобода, додека по едно лице се трага, додаваат од ОЈО.
се наведува во соопштението на Обвинителството.
Пронајдените археолошки предмети, иако знаеле дека потекнуваат од извршено кривично дело, ги присвојувале и ги прикиривале во нивите домови или на непознати локации.
„Откако ќе нашле заинтересирани купувачи од земјата и странство предметите ги продавале, односно посредувале при продажба со непознати припадници на групата по потекло од соседните земји и САД. Овие непознати лица биле купувачи или посредници во име на заинтересирани купувачи на добра со археолошко односно историско значење и добрата ги нуделе и ги продавале за договорен износ што прво и второ осомничениот го определувале. По постигнување на договор околу цената, прво и второ осомничениот дозволувале доброто неовластено да се продаде и без дозвола од надлежен орган да се изнесе надвор од границите на Р.С. Македонија“,велат од ОЈО.
Отуѓените добра се предмети со археолошки, етнолошки, уметнички и историски вредности со непроценлива вредност, односно значајно добро и добро од особено значење сопственост на Р.С. Македонија, со исклучителна вредност. Со преземените дејствија при што добра со исклучителна вредност трајно ги отуѓиле на штета на Р.С. Македонија, осомничените и непознатите припадници на групата сториле трајна штета за археолошкото, историско, музејско и уметничко истражување на надлежните државни и научни институции.
Предметниот обвинител ценејќи дека за седуммина од осомничените се исполнети условите за определување на мерката притвор му предложи на Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје да им определи мерка притвор.