Криста Швенг: Граѓанското општетство од регионот и од ЕУ мора и треба да има проминентна улога во процесот на проширување

Функционалниот социјален дијалог кој овозможува простор за граѓанското општество заедно со владеењето на правото се од клучно значење во оценувањето на секоја од земјите за подготвеноста да и се приклучат на ЕУ. Сакаме да испратиме јасна порака до неформалниот Самит на ЕУ и Западен Балкан на 6 октомври во Брдо Словенија за влијанието на граѓанското општество со усвојување на силна финална декларација на овој форум. Тука сме да изразиме силна поддршка за вас и за процесот на проширување. Ние од цивилното општество треба да ги убедиме нашите лидери дека местото на овој политички стратегиски регион е во ЕУ.

Ова го истакна Криста Швенг, претседателка на Европскиот економски и социјален комитет на отворањето на Осмиот Форум на граѓанско општество на Западен Балкан кој денеска и утре се одржува во Скопје, во организација на Европскиот економски и социјален комитет.

-Нашиот комитет силно верува дека Западниот Балкан е клучен регион во нашето најблиско соседство, регион од геостратешко значење кој треба да биде дел од Унијата. На земјите од Западен Балкан треба да им се даде вистинска можност да се приклучлат на ЕУ- семејство при исполнети услови за пристапување. Не треба да заборавиме дека други глобални играчи исто така гледаат со интерес  на регионот. Навистина верувам дека тоа не е од интерес само за земјите и граѓаните на Западен Балкан туку и на сите нас во ЕУ, регионот поскоро да се интегрира. Организираното граѓанско општетство од регионот и од ЕУ мора и треба да има проминентна улога во овој процес. Искрено верувам дека Форумот на граѓанското општетство од Западен Балкан ќе испрати силен сигнал и ќе создаде дополнителен моментум во приближување на Западниот Балкан кон ЕУ и ЕУ кон ЗБ,

На форумот, организиран од ЕЕСК во соработка со Европската комисија, се обратија премиерот Зоран Заев, Оливер Вархеји, комесар за соседство и проширување кој имаше видео обраќање, како и Гаспер Довжан, државен секретар во Министерството за надворешни работи на Словенија.

На форумот ќе се дебатира за тоа како да се подобри процесот на пристапување – веродостојна ЕУ перспектива за Западен Балкан, пост-ковид закрепнување – предизвици и можности на Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан и Заедничкиот регионален пазар

Меѓу темите за коишто ќе се разговара ќе бидат и придонесот на организициите од граѓанското општество (ОГО) за Зелената агенда и одржливиот развој на Западен Балкан како дел од пристапниот процес во ЕУ, како и состојбата на социјалниот дијалог и граѓанскиот простор на Западен Балкан. 

Back to top button
Close