Кристална ноќ во Битола ,закани со „летање на глави“ до директори од СДСМ преку вибер групи или сте за Тони или лета глава!?

Инсајдерски информации од ВМРО ДПМНЕ Битола укажуваат дека била формирана група на Вибер од 150 лица кои заговарале конспирации за „летање на глави“ на актуелни директори од СДСМ. Имено, според дописите кои во вибер пораки се ширеле во оваа група, се дознава дека поранешен лустратор давал насоки да се убедуваат актуелни директори од СДСМ да дадат поддршка на опозициската партија, најмалку преку недавање на поддршка за матичната партија. Според насоките тие требало да се убедат , дека за возврат на тоа кога опозициската партија ќе дојде на власт тие ќе добијат добар третман.
Но, според пораките кои протекуваат од вибер групата, ваквите ветувања требало само да ги убедат актуелните директори на СДСМ да ја сменат страната надевајќи се на добар третман, додека пак вистинските намери се откриваат од порака во која се вели дека всушност сега тие треба да бидат придобиени, а потоа всушност да „летаат глави“ како што било напишано во групата.

Сето ова укажува дека пред гласањето во втор круг во Битола веќе се води тешка битка во која не се бираат средства.

Back to top button
Close