Кристијан спасувал туѓи животи – денес живее со траумата дека ги изгубил тие десет минути и не го спасил брат му

Марија Петрушева пред судот откри дека нејзиниот помал син Кристијан (20), кој исто така бил во „Пулс“ (излегол на цигара пред пожарот), се бори со силно чувство на вина. Таа раскажа дека тој кобната ноќ повеќепати влегувал во огнот и чадот, извлекувајќи непознати луѓе додека го барал својот брат, пренесе 4њуз.

Мајката објасни зошто одбиле Кристијан да биде пренесен со амбулантно возило во Скопје на токсикологија. „Таа вечер, кога го нашле брат му, го качиле во амбулантна кола заедно со едно мртво дете и едно тешко повредено. Тие трауми што ги доживеа во тоа возило беа преголеми. Не сакавме повторно да ги преживува истите моменти,“ рече таа. На Кристијан му биле пронајдени траги од јаглерод моноксид, а од стресот и чадот му се активирале полипи на носот, поради што морал итно да биде опериран во мај.

Повеќе

Back to top button
Close