Кристијан Трајковски демантира дека се повлекол од трката за претседател на НСДП

Секое кандидирање и евентуално повлекување на кандидатура е лично право на кандидатот, вели Кристијан Трајковски, кој демантира дека се повлекол од трката за претседател на НСДП.

– Информирањето на јавноста во мое име, од страна на други членови на НСДП го сметам за манипулативно, неетичко и крајно дискредитирачко и дезинформирачко. Од таа причина ги информирам медиумите и јавноста дека ваквата постапка ме поттикнува да уште посилно да продолжам во мојата борба за слободна и демократска НСДП. На 4 јуни, на Петтиот Конгрес на партијата, согласно Статутот на партијата, ќе се самокандидирам за иден претседател на НСДП, а информациите за повлекување на мојата кандидатура се невистинити – вели Трајковски.

Тој додава дека нема да дозволи да ја изневери довербата на членовите на НСДП, како и нивната искрена желба за демократски промени во партијата, повикувајќи ги сите делегати и членови на 4 јуни да постапат согласно сопственото убедување, волја и морал, со цел да се обезбеди вистински демократски конгрес, кој на крајот ќе ја обедини партијата.

Back to top button
Close