Кристијано покажа во каква форма е неколку дена пред рестартирањето на сезоната (фото)

– Неколку дена пред враќањето на натпреварите по паузата, Кристијано Роналдо е инспириран да се докаже повторно како еден од најголемите во современиот фудбал. Во петок, Јувентус е домаќин на Милан во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија, а ова ќе биде првиот натпревар по присилната пауза поради пандемијата од коронавирус.

Во своите профили на социјалните мрежи, ЦР7 објави фотографија од фитнесалата со текст: „Мотивиран на почетокот на неделата! Битката се приближува“.

Јувентус има предност затоа што тие одиграа 1:1 како гостин на Милан во првиот натпревар. Тогаш Роналдо постигна гол за својот тим – од пенал во последната минута.

Во другиот полуфинален реванш Наполи е домаќин на Интер в сабота (1: 0 во првиот натпревар).
Првенството во Серија А ќе продолжи следната недела.

Monday motivation!💪🏻 The Competition is coming ⚽️😀

Cristiano Ronaldo 发布于 2020年6月8日周一

Back to top button
Close