Кристофиду: Преку соработката со ЕРАЗМУС програмите, Северна Македонија веќе ја гледаме како земја членка на ЕУ

Соработката што ја имаме со Северна Македонија во делот на образованието преку ЕРАЗМУС не прави да ја третираме вашата земјата веќе како членка на Европската Унија, рече генералната директорка за образование, млади, спорт и култура при Европската Комисија, Темис Кристофиду на состанокот во Брисел со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, соопшти Кабинетот на вицепремиерот.

Битиќи, како што стои во соопштението, на средбата стави акцент на потребата за доградба на образовните капацитети каде има простор за унапредување, додавајки дека Северна Македонија има потреба од доквалификација на работноспособните граѓани кои се евидентирани како невработени, за да бидат конкурентни на пазарот на труд, на што веќе Владата работи преку различни програми.

-Генералната директорка Кристофиду, истакна дека доквалификацијата е дел од програмата ЕРАЗМУС со која Северна Македонија може многу да придобие и ако 2022 беше година на младите, 2023 е означена како година на Квалификациите, и додаде дека ЕРАЗМУС е опширна програма која ја покрива и едукацијата, стои во соопштението.

 

Битиќи и Кристофиду ја истакнале и важноста на дигиталната инклузија, за што е потребна блиска соработка на државава со ЕУ за да се постигне еднаквост во образованието.На средбата станалозбор и за културното наследство, при што генералната директорка за образование, млади, спорт и култура при Европската Комисија, Темис Кристофиду, информирала дека во јуни во Северна Македонија ќе престојува делегација на Директоратот при Европската Комисија и оти тоа ќе биде добра можност на дело да се видат случувањата и актуелностите во сферата на културното наследство, што е една од карактеристиките на нашата држава.

Вицепремиерот Битиќи деновиве престојува во Брисел каде учествува на билатералниот состанок од Кластер 2, „Внатрешен пазар“, Поглавје 9 „Финансиски услуги“, и Поглавје 28, „Заштита на потрошувачите и јавно здравје“.

Back to top button
Close