Критичко преиспитување на правото – четири години простор на опстојување и размена на интелектуални умови

Неформалната иницијатива Критичко преиспитување на правото / Critical Re-examination of Law е активна веќе четири години!

🔵 На 22 декември, во 2017 година започна програмата на Критичко преиспитување на правото, како неформално здружување на професори и студенти со цел да го прошират полето на знаење и искуство отаде формалниот курикулум на Правниот факултет „Јустинијан Први“, создавајќи простор на размена и опстојување на заедница, која разраснуваше од љубопитните умови на програмскиот тим, соработниците, на гостите и публиката – заедно.

🔵 Неформалната иницијатива Критичко преиспитување на правото, од почеток и се’ уште функционира на волонтерска и ентузијастичка основа, а настаните се организирани со помош и поддршка од страна на нашите несебични соработници и пријатели, на кои по овој повод уште еднаш им упатуваме голема благодарност: Park HotelХелсиншки комитет за човекови права – Helsinki Committee for Human RightsКоалиција Маргини / Coalition MarginsFriedrich-Ebert-Stiftung Skopje.

🔵 Во овој период од четири години, вкупно беа организирани 12 јавни предавања, студентски работилници и симпозиуми, а гостуваа 17 домашни и странски релевантни истажувач/ки и автор/ки.

🔵 Во програмскиот тим, што ја започна оваа иницијатива учествуваат: Љубомир Фрчкоски, Ирена Рајчиновска Пандева и Вики Младенова.

🔵 Видео записи од голем број од настаните може да најдете на нашиот Јутјуб канал: https://bit.ly/3FA9MSh. Сите други информации, во врска со минатите и настаните кои се планираат може да ги следите на нашата Фејсбук страна: https://www.facebook.com/kritika.pravo.

🔵 Изразуваме голема благодарност до сите кои ги следеа нашите настани, ја поддржаа иницијативата и заедно со нас ја исчекуваат програмата што следува.

🔵 Во продолжение, листа на настаните што беа организирани:
– Јавно предавање на Елвио Бакарини (Универзитетот во Ријека) со наслов Темели на уставот во плурални општества, 22.12.2017
– Студентска работилница со Маја Бојаџиевска, Ирина Талевска, Славица Србиновска (Филолошки факултет „Блаже Конески“) со наслов ФРАНЦ КАФКА: Од Колонија на казнетите до Процес, 12.04.2018
– Јавно предавање на Бојан Манчев (Нов Бугарски Универзитет) со наслов Форма на човекот, 06.06.2018
– Јавно предавање на Рената Салецл (Институт за криминологија, Љубљана) со наслов Правото меѓу психоанализа, невронаука и генетика, 17.10.2018
– Семинар со студенти на Јелисавета Благојевиќ (Сингидунум) со наслов Политики на гостопримство, 21.12.2018
– Јавно предавање на Аленка Зупанчиќ (Универзитетот во Нова Горица) со наслов Сакај го соседот свој како што се сакаш себеси, 13.02.2019
– Јавно предавање на Костас Дуцинас (Биркбек) со наслов Парадокси на човековите права, 28.03.2019
– Студентска работилница со Костас Стратилати (Универзитетот во Никозија) со наслов Уставни промени преку европеизација, 10.06.2019
– Симпозиум по повод книгата Психоанализа и човекови права на Љубомир Фрчкоски, со Љубомир Фрчкоски, Ана Димишковска, Славчо Димитров, Катерина Колозова, Вики Младенова и Бојан Иванов, 26.12.19
– Јавно предавање на Лоренцо Бернини (Универзитетот во Верона) со наслов Merde allors, Неофашистичко татенце маршира кон Брисел, и разговор со Славчо Димитров, 11.02.2020
– Студентска работилница со Љубомир Фрчкоски и Катерина Колозова, со наслов Право и насилство, 09.07.2021
– Јавно предавање на Ијан Чејмберс (Ориентале) со наслов Рабови на историјата: Медитеранот како модерна лабораторија, 27.10.21

Back to top button
Close