Крива Паланка нов лидер во женското кошаркарско првенство

Третото коло од вториот дел од сезоната во македонското женско кошаркарско првенство донесе смена на чело на табелата, откако бранителот на титулата, Баскет кам загуби на гостувањето во Скопје од Бадел 1862 со 54-48.

Тоа го искористија кошаркарките на Крива Паланка кои со убедлив триумф над Спорт тим со 93-52 ја преземаа лидерската позиција на табелата во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига.

Кошаркарките на Вардар на домашен терен триумфираа над Патриот 2016 со 99-88, а убедливи пред своите гледачи беа и кошаркарките на Пробаскет, триумфирајќи над МЗТ Бела вода со 72-50.

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

Крива Паланка – Спорт тим 93:52

Пробаскет – МЗТ Бела вода 72:50

Вардар – Патриот 2016 99:88

Бадел 1862 – Баскет кам 54:48

ТАБЕЛА

1.Крива Паланка 17 14 3 1344:1005 31
2.Баскет кам 17 13 4 1110:886 30
3.Бадел 1862 17 12 5 1297:1052 29
4.Вардар 17 12 5 1283:1096 29
5.Пробаскет 17 10 7 1291:1187 27
6.МЗТ Бела вода 17 5 12 1039:1163 22
7.Патриот 2016 17 1 16 960:1531 18
8.Спорт тим 17 1 16 875:1279 17.

Back to top button
Close