Кривична пријава против директор на ЈЗУ Здравен дом во Свети Николе за злоупотреба на службена положба и овластување

Полицијата поснесе кривична пријава против С.Б.(63), директор на ЈЗУ Здравен дом во Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

– Во текот на 2025 година, во својство на директор на ЈЗУ Здравен дом „Примариус д-р Ѓорѓи Гаврилски“ во Свети Николе, не постапил согласно одредбите од Закон за користење и располагање на ствари во државна и општинска сопственост и без да спроведе соодветна постапка и без да обезбеди потребна согласност од Владата, отуѓил движни ствари за кои немало соодветни податоци за нивниот вид и количина во вкупна вредност од 75.000 денари. Со тоа, пријавениот овозможил трети лица да се стекнат со противправна имотна корист, нанесувајќи му штета на Министерството за здравство за истиот износ, се наведува во соопштението од МВР.

Back to top button
Close