Кривична пријава против поранешниот директор на АХВ

МВР поднесе кривична пријава против поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски за злоупотреба на службената должност и овластување.

Поповски се сомничи дека во 2016 година, додека бил на чело на институцијата, со прекршување на Законот за јавни набавки, овозможил две фирми противзаконски да се стекнат со околу 150 000 евра.

-Пријавениот, во својство на овластено лице – директор на Агенција за храна и ветеринарство, во 2016 година ја злоупотребил службената положба и овластувања така што постапил спротивно на Законот за јавни набавки со што го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 4.386.033 денари, велат од МВР и додаваат дека притоа овозможил противправна имотна корист во износ од 7.534.497 денари на фирма од Радовиш и противправна имотна корист во износ од 1.517.033 денари во корист на фирма од Скопје, соопштија од МВР.

 

Back to top button
Close