Кривична пријава против скопјанец за изработка и употреба на лажна платежна картичка

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против A.Т.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка”.

Пријавениот, во текот на март 2022 година, противправно набавил банкарски податоци од вистинска платежна картичка и лични податоци од носителот, по што ги употребил за вршење на 16 неовластени трансакции за купување/плаќање на разни услуги, во вкупна вредност од 31.659 денари.

Како што информира МВР, на тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист во тој износ.

Back to top button
Close