Кривична пријава за двајца поранешни раководители на АД Пошта поради „несовесно работење во службата“


СВР Скопје поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“, по член 353 ст.1 од Кривичниот законик, до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против В.С. и Б.А. поранешни генерални директори на АД Пошта во државна сопственост Скопје.

Според сознанијата, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, од преземените опсежни истражни дејствија пријавените во текот на 2023 година пропуштиле должен надзор над работењето на своите подредени раководители на подружници во друштвото, така што дозволиле да биде постапено спротивно на на член 40 став 6 од Законот за јавни набавки, а во врска со член 9, став 1, точка г од овој закон, каде е пропишано дека договорните органи од оваа секторска дејност смеат да извршат набавки без спроведена постапка за јавна набавка која не смее да ја надмине висината од 24.000 евра.

На тој начин тие практично овозможиле да бидат извршени набавки без спроведена постапка за јавна набавка во вкупен износ од 56.546 евра, што претставува надминување на предвидениот и дозволениот праг на извршени набавки, без спроведена постапка за јавни набавки, во вкупен износ од 32.546 евра. Сума за која пријавените го оштетиле буџетот на АД Пошта, наведуваат од МВР.

Back to top button
Close