Кривична пријава за двајца скопјани за злоупотреба на дозвола за движење во полициски час

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против М.А.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување службена исправа“, како и против Х.Х.(56) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Првопријавениот, соопштија денеска од МВР, во својство на сопственик и управител на правно лице, во период на постоење на вонредна состојба и одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на цела држава, издал „дозвола за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа“ и покрај тоа што правното лице нема регистрирано ноќна работа. Второпријавениот, во два навратa бил сопрен и контролиран од полициски службеници, при што како доказ дека легално се движи и поседува дозвола за движење на увид им ја приложил дозволата за движење поради вршење на сменска и ноќна работа. цр/са/

Back to top button
Close