Кривична пријава за градоначалникот на Шуто Оризари за „несовесно работење во службата“

СВР Скопје поднесе кривична пријава за Курто Дудуш, градоначалник на општина Шуто Оризари. Тој се товари дека за директори во детска градинка во општината именувал лица кои не биле вработени во таа установа.

– СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против К.Д.(49), градоначалник на скопска општина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата” по член 353 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

 

Во текот на 2020 и 2024 година пријавениот несовесно постапил во извршување на своите овластувања при спроведување на управна постапка и ги повредил законските прописи на начин што постапил спротивно на Законот за заштита на деца – член 126. Во 2020 и во 2024 година тој именувал директори на детска градинка лица кои е не биле вработени во градинката и покрај тоа што во законот се вели дека именувањето на вршител на должноста директор на детска градинка треба да се врши од редот на вработените во детската градинка

Back to top button
Close