Кривична пријава за кумановец, организирал семејна веселба и пукал со оружје
Едно дваесет и петгодишно лице од Лопате добило кривична пријава бидејќи организирало семејна веселба и пукало со оружје, информира МВР.
-На 26.12.2020 во СВР Куманово било пријавено дека В.Б. (25) во својата семејна куќа во с. Лопате, кумановско, организирал семејна веселба и пукал со оружје. Полициски службеници од СВР Куманово во координација со јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, каде затекнале околу 30 гости, а пронајдени се и чаури, се вели во соопштението од МВР.
Поради постоење на основано сомнение дека В.Б. сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ по член 206 и „предизвикување општа опасност“ по чл. 288 од КЗ, од МВР посочуваат дека по целосно документирање на случајот до надлежното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава.