Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Д.(45) од струшкото село Ливада, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „убивање и мачење животни“, соопшти денеска МВР.

Според соопштението, на 27 март годинава, Б.Д. и уште едно лице на патот село Ливада – село Биџево се движеле со возило и со нив имале и куче од расата „кангал“, кое го држеле со ремен преку прозор и го шетале со возилото.

– Кога пристигнале во близина на дворот на Љ.Д. во селото Биџево, пријавениот го пуштил кучето слободно, го нападнало кучето на Љ.Д. од расата „миник“ и го усмртило, стои во информацијата

Back to top button
Close