Кривична пријава за правен субјект и четири физички лица за криумчарење на 7000 килограми канабис

 Секторот за контрола и истраги при Царинската управа денеска поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство против едно правно лице и четири физички лица, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и  „криумчарење“. 

На 11 август во Царинската испостава Гевгелија, при извршена дополнителна контрола при увоз пронајдена е сецкана тревкаста материја, за која по направениот тест е утврдено присуство на психоактивна компонента која влегува во составот на растението канабис.

Со откривањето и спречување на обидот за криумчарење на оваа стока, како што информираше денеска Царинската управа, спречено е неовластено производство и пуштање во промет на 7.000 килограми цвет од канабис, којшто на нелегалниот пазар на наркотични средства би достигнал вредност од над 20 милиони евра

Back to top button
Close