Кривична против полицаец од Крушево за напад на колеги: ќе биде отстранет од работа
ОВР Крушево поднесе кривична пријава А.А.(51) од Крушево, полициски службеник во Полициската станица Крушево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 31.03.2024 во Крушево, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија и претходно со остар предмет им се заканил на М.С., Е.С. и Р. Р., тројцата од Прилеп и на С.Г. од Крушево.