Кривична против скопјанец за ширење на расистички и ксенофобичен материјал

– Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против И.Ѓ.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, казниво по член 394-г од Кривичниот законик.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, пријавениот на 28 мај годинава, на социјалната мрежа фејсбук објавил текст кој содржел говор на омраза.

Back to top button
Close