Кривична за директока на училиште во Виница – ја вработила ќерка си како наставничка по математика без соодветно образование

Директорка на основно училиште во Виница доби кривична пријава поради постоење сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата, информираат од Министерство за внатрешни работи (МВР).

Таа, како што информира полицијата, ја вработила ќерка си во истото училиште како наставничка по математика, иако немала завршено соодветно образование.

„На 27.1.2025 година пријавената Г.С. (45) од Виница склучила договор за вработување на својата ќерка С.С., иако немала соодветно образование, на работно место предметен наставник по математика во основно училиште“,се вели во извештајот на МВР.

Со тоа, му нанела штета на буџетот на име на исплата на плати во износ од 245 666 денари.

Back to top button
Close