Кривична за директор на градинка во Штип: Преку фиктивни фактури исплатени над 7,7 милиони денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против 46-годишниот М.И. од Штип поради сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, при што го оштетил буџетот на општината и детската градинка за над 7,7 милиони денари.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот во својство на в.д. директор на Општинска јавна установа – детска градинка во Штип, во периодот од 12 септември 2023 до 11 мај 2026 година, без спроведување постапка за јавни набавки, во повеќе наврати вршел набавки од 47 различни правни лица.

Како што наведува полицијата, набавките биле реализирани преку фиктивни фактури без соодветна испратница и приемница за установата, а вкупната вредност на спорните набавки изнесува 7.747.515 денари.

По документирањето на случајот, против пријавениот е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство. објави Скопје1.мк

Back to top button
Close