Кривична за директорот на кичевскиот Центар за култура поради таблата со Република Албанија

Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против директорот на Центарот за кулутра во овој град Мазлам Османи, поради тоа што дозволил во просториите на библиотеката да се постави табла на која стои Република Албанија, грбот и знамето на оваа земја, соопшти МВР.

Тој се сомничи за кривично дело „повреда на угледот на РСМ“.

На 25.03.2021, како директор на Национална установа – Центар за култура „Кочо Рацин“ – Кичево, која е државна институција под Министерството за култура, дозволил во просториите на библиотеката да се постави оваа табла, а притоа нема ни име, ни грб или знаме на Република Северна Македонија, обележја на општина Кичево или на Министерство за култура.

Библиотеката се наоѓа во просториите на Центарот за култура.

Back to top button
Close